Vrabotuvanje.com - Референт за видео надзор - Скопје - ОИЛКО КДА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт за видео надзор

Скопје

Рок за пријавување:

  • ОИЛКО КДА
 

Приклучете му се тимот со повеќе од 200 вработени и 14 годишен континуиран успех во транспортот на нафтени деривати. Поседуваме сопствена автобаза лоцирана во близината на Скопје, со повеќе од 100 возила за транспорт на различни видови деривати од реномирани производители. Бројот на возила во возниот парк, високото ниво на техничка опременост на возилата, исполнувањето на сите законски барања, како и добиените Лиценци за вршење на јавен превоз на опасни материи во внатрешниот и меѓународниот сообраќај, го поставуваат ОИЛКО КДА-Скопје на лидерската позиција во земјата и во поширокиот регион во транспортот на нафтени деривати.

Имаме потреба од вработување на 1 работник на работно место 

 

РЕФЕРЕНТ ЗА ВИДЕО НАДЗОР​ 
во Одделението за транспорт во Секторот за возен парк и транспорт,  
на определено време од 3 (три) месеци.

 
 

Основни одговорности и работни задачи:

Работното место референт за видео надзор учествува во процесот на следење и контролирање на движењето на возилата преку ГПС мониторинг и за истото изготвува извештаи; врши контрола и евиденција на работното време на возачите преку софистициран софтвер за читање на тахо картиците и тахографите на возилата и учествува со свои предлози во унапредување на процесот за ГПС следење на возилата.

Работното време за наведеното работно место изнесува 40 часа неделно, организирано во смени, од понеделник до сабота. Дневното работно време е од 07:00 часот до 19:00 часот.

Основната плата изнесува 22.000 денари.

Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Услови за вработување:

  • Завршено средно образование – IV степен;
  • Со или без работно искуство;
  • Активно користење на англиски јазик; и
  • Активен возач со возачка дозвола Б-категорија.

Доколку поседувате:

  • Способност за тимска работа во динамично опкружување;
  • Способност за агилно управување со промените;
  • Способност за прецизно извршување на работните задачи; и
  • Способност за работа под притисок и исполнување на дадените рокови.

Испратете:

  • Писмо за мотивација;
  • Кратка биографија;
  • Уверение од кривична евиденција;
  • Копија од диплома за завршено образование и
  • Копија од други стекнати дипломи и уверенија.

Потребните документи да се достават на адреса:
„ОИЛКО КДА – Скопје, ул.10 бр.152, 1042 Миладиновци, Илинден.“
Лице за контакт: Божин Мургоски, телефон за контакт: 02/ 25 20 693.

Рокот за пријавување почнува од денот на објавувањето на огласот и трае заклучно со ден 10.12.2021 година.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликацииите кои ќе бидат доставени по електронска пошта, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени во предвид.       

Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат ОИЛКО КДА Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законсите прописи.

Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: contact@oilco.com.mk .

                   
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сигурност и заштита изнесува 22.035 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде