DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија. Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
Повеќе информации на www.dssmith.com
ДС Смитх како компанија става голем акцент на грижата за своите вработени, нивниот развој, напредување и усовршување на работното место. Го цени трудот на вработените и спроведува различни активности за подобро тимско работење, остварување на стратегиските цели и секојдневно живеење на корпоративните вредности. Ова се дел од успешните приказни за нашите млади и надежни машинисти кои заради својата посветеност на работата, ентузијазмот и нивниот ангажман за краток временски период професионално напредуваа на скалата од нивната кариера.
Оливер Микешиќ – Машинист – Доработка
Оливер вели дека во компнијата започнал со работа пред 1,5 година на работно место оператор на машина. Со тек на време и со голема помош од вработените кои се долго време во компанијата и искусните “мајстори” кои што ги водат машините, полека почнал да го учи “занаетот”. Тие несебично го споделувале своето знаење и го учеле да ги извршува новите работни задачи како машинист. Колегијалната и тимска работа е таа која секогаш излегува на прво место и го мотивира во работењето. Вели дека е среќен што е дел од тимот на оваа компанија.
Димитар Стефановски – Водечки машинист - Доработка
Димитар за себе кажува дека кога го завршил образованието размислувал што понатаму... Сметал дека најдобро за него е да најде работа во компанија која основна дејност и е производство. Тогаш решил да аплицира во ДС Смитх и по кратко време бил повикан на интервју а потоа и ангажиран кај нас. За својот прв работен ден вели дека има само позитивни чувства, пречекан од насмеани лица со позитивна енергија. Вели дека доста брзо и лесно се вклопил во средината. Многу е задоволен од неговиот ментор кој го научил да работи и му го пренел знаењето, но и внимавал на неговата безбедност. Мотивиран е од динамичната и тимската работа која владее, а секој работен ден му е исполнет со нови задачи, предизвици и цели кои заедно со тимот ги спроведуваат.
- Средно образование
- Релевантно работно искуство на иста или слична позиција
- Искуство за работа со вилушкар
- Способност за самостојна работа и работа во тим
- Мотивирана и стабилна личност
- Одговорност и посветеност на работата
- Одлични услови за работа
- Работа во интернационална компанија
- Работа во динамична атмосфера со можност за професионален развој
Доколку ги исполнувате наведените карактеристики, сте флексибилни, спремни за учење и напредок во кариерата
АПЛИЦИРАЈТЕ!
преку полето Брза Апликација не подоцна од 25.12.2021
Само оние апликации кој ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју.