Vrabotuvanje.com - Специјалист за дополнителен асортиман - Скопје - ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за дополнителен асортиман

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН АСОРТИМАН

Во одделот за малопродажба на дополнителен асортиман и нафтени деривати во „ЛУКОИЛ Македонија“ ДООЕЛ Скопје

 

Основни работни обврски

  • Координација и контрола на реализацијата на производите во рамки на малопродажната мрежа на територијата на РСМ;
  • Учество во формирање и контрола на исполнување на плановите и стратегијата на продажба;
  • Разработка  и воведување на стратегија за развој на малопродажниот бизнис, анализа на конкурентските тенденции на пазарот и разработка на предлози за зацврстување на позицијата на компанијата на малопродажниот пазар;
  • Мониторинг на финансиско-економските резултати на малопродажбата и разработка на мерки за зголемување на ефикасноста;
  • Разработка и воведување на концепт за малопродажба на дополнителен асортиман и масла, ценовна политика;
  • Подготовка и склучување на договори за испорака на дополнителен асортиман и масла на БС;
  • Спроведување на анализа на ефективноста на продажбите, залиха на производи, носење одлуки за неопходноста од преместување на залихите на производи внатре во мрежата, планирање  на продажба и доход од дополнителниот асортиман и маслата;
  • Организација на работата и обука на работниците на БС, одговорни за реализацијата на дополнителен асортиман и масла, со корпоративните барања и правила на Компанијата;
  • Подготовка на извештаи за продажбата на дополнителниот асортиман и услугите и исполнување на контролните показатели.

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование (Економски факултет), работно искуство во областа на малопродажба и трговија, работа во секторот за производи за широка потрошувачка најмалку 3 години;
  • Познавање на англиски јазик и пожелно познавање на руски јазик;
  • Напредно и активно познавање и користење на Excel, познавање и користење на софтверски апликации за продажба и трговија;
  • Познавање на законски прописи поврзани со работење во трговија на мало, Закон за трговија и Закон за заштита на потрошувачи;
  • Поседување возачка дозвола.

Професионални знаења и способности

  • Ориентираност кон скратени рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено;
  • Одлични аналитички и комуникациски способности, прецизност, самостојност, уредност и одговорност;
  • Мотивирана и стабилна личност;
  • Флексибилност за индивидуална и тимска работа.
     
 
Сите заинтересирани треба да достават кратка биографија (CV), понова фотографија, фотокопија од диплома или уверение и препораки најдоцна до 14.12.2021 година преку полето Брза Апликација.
 
Напомена:
 
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани и сите апликации ќе се третираат со строга доверливост.
„ЛУКОИЛ Македонија“ ДООЕЛ Скопје го задржува правото да не ја пополни огласената позциција.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде