
ПЕКО ДОО Скопје има потреба од 3 (тројца) продавачи во продажните места во Скопје и од 1 (еден) продавач во продажното место во Струмица.
ПРОДАВАЧИ - СКОПЈЕ и СТРУМИЦА
- Минимум завршено средно образование
- Минимум основно познавање на англиски, албански и/или турски јазик
- Со или без работно искуство
- Основно познавање на MS OFFICE
- Љубезен и професионален однос кон потрошувачите
- Сериозен и одговорен пристап кон поставените задачи
- Комуникативна, одговорна и лојална личност
- Самоиницијативност, способност за организација и посветеност на работата
- Динамичност, желба за работа и тимски дух
- Услуга во согласност со процедурите на компанијата
- Прием, редење, изложување и сортирање на робата
- Грижа за хигиена во продажното место
- Работа на каса
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
- Континуирана обука и можност за напредување
- Можност за остварување на дополнителен продажен бонус и наградувања
Работното време ќе се организира во две смени, и тоа:
- Прва смена од 08:00-15:00ч
- Втора смена од 14:00-21:00ч
Основна месечна нето плата: 23.000 ден (Скопје) / 20.000 ден (Струмица) плус дополнителен бонус за продажба.
Сите заинтересирани кандидати својата Професионална Биографија (CV) може да ја достават по електронски пат преку полето "Брза Апликација"!

