Vrabotuvanje.com - Технолог - ЦНЦ обработни центри - Охрид - ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Технолог - ЦНЦ обработни центри

Охрид

Рок за пријавување:

  • ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ

Друштво за производство и услуги ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид во Северна Македонија е основана во 1961 година и се приклучи на LTH Castings Group во 2005 година. Почнувајќи од 60-тите години како снабдувач за автомобилската индустрија на поранешна Југославија, покривајќи различни категории на делови и материјали, компанијата еволуираше во структуриран и економичен производител на алуминиумски компоненти, базиран на техничко знаење на стручни кадри.

Вработување ХР Солутионс, за потребите на  ЛТХ Леарница бара искусни кадри за позицијата:

ТЕХНОЛОГ ВО ОДДЕЛОТ ЗА ТЕХНОЛОГИЈА НА ЦНЦ ОБРАБОТНИ ЦЕНТРИ
(1 работно место – Охрид)

Главни одговорности и обврски:

  • Пропишување на технолошки постапки и упатства за работа
  • Спроведување анализи и отстранување на причините за настанати неусогласености во технолошките процеси во ЦНЦ обработни центри
  • Учествува во развој, следење и оптимизирање на производните процеси
  • Обучување и менторирање на нови вработени во одделот, пренесување на нови знаења на веќе вработените
  • Останати активности и задачи кои ќе бидат побарувани од непосредниот раководител

Очекувани квалификации, потребни знаења и вештини: 

  • Минимум V степен стручна подготовка, техничка насока 
  • Потребно е 3 - 4 години предходно исто/слично работно искуство за кандидат со V степен, за кандидати со VI степен не е обавезно предходно слично/исто работно искуство
  • Познавање на компјутерските алатки од областа на работа
  • Тимска работа, одлични комуникациски и аналитички способности
  • Организираност и систематичност во работата, внимание кон детали
  • Иновативност и самоининицијативност 
  • Силни интерперсонални вештини и одлична соработка со останатите сектори


Ние Нудиме:
Долгорочни и стабилни работни позиции со конкурентен месечен надомест, можност (преку развојни програми на кадри) за обуки во земјата, онлајн и во странство и едукација и размена на инженерски кадар низ цела групација. Покриени се трошоци за превоз до и од работа за над 3 км оддалеченост, обезбеден е топол оброк, приватно здравствено осигурување после 2 години континуирано работење и други поволности и бенефиции, согласно ЗРО и интерните политики на компанијата.

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација со ажурирана Биографија преку полето Брза Апликација, со назнака за која позиција аплицирате: „Технолог – ЛТХ Леарница“.

Апликациите ќе се прифаќаат до 25.12.2021.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме за вашиот интерес.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде