Друштво за производство и услуги ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид во Северна Македонија е основана во 1961 година и се приклучи на LTH Castings Group во 2005 година. Почнувајќи од 60-тите години како снабдувач за автомобилската индустрија на поранешна Југославија, покривајќи различни категории на делови и материјали, компанијата еволуираше во структуриран и економичен производител на алуминиумски компоненти, базиран на техничко знаење на стручни кадри.
Вработување ХР Солутионс, за потребите на ЛТХ Леарница бара искусни кадри за позицијата:
(1 работно место – Охрид)
Главни обврски и одговорности:
- Поврзување на машини на интерната електрична инсталација
- Периодични и превентивни прегледи и поправки на електричните и електронските уреди, опремата за работа и нејзините составни делови
- Монтажа на електро-опрема; ремонт на машини
- Уредување на документацијата и дополнување на шемите на струјните кола при промени и додатоци во електро-опремата и инсталациите
- Почитување на прописите од областа безбедност при работа и животна средина
- Тимски пристап во работењето како и индивидуално прифаќање на одговорностите
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
- Желба за едукација и надградба
- Способност за извршување на работни задачи врзани со рокови
Очекувани квалификации, потребни знаења и вештини:
- Завршено Средно Образование (електро техничар, енергетичар)
- Потребно е предходно работно искуство минимум 2 години (пожелно во индустриски капацитети)
- Основно познавање на работа со компјутер и англиски јазик
- Способност за работење во рокови со потребна прецизност
- Про активен пристап и посветеност кон работата
Ние Нудиме:
Долгорочни и стабилни работни позиции со конкурентен месечен надомест, можност (преку развојни програми на кадри) за обуки во земјата, онлајн и во странство и едукација и размена на инженерски кадар низ цела групација. Покриени се трошоци за превоз до и од работа за над 3 км оддалеченост, обезбеден е топол оброк, приватно здравствено осигурување после 2 години континуирано работење и други поволности и бенефиции, согласно ЗРО и интерните политики на компанијата.
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација со ажурирана Биографија преку полето Брза Апликација, со назнака за која позиција аплицирате: „Електротехничар – енергетичар во оддржување“.
Апликациите ќе се прифаќаат до 25.12.2021.
Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме за вашиот интерес.