МАГРОНИ ДОО - Скопје е една од водечките македонски компании за производство и дистрибуција на природна минерална и природна изворска вода, освежителни безалкохолни и алкохолни пијалаци.
Нашиот успешен тим има потреба од:
(1 позиција)
- Планирање, организирање, координирање и контролирање на испорака на готов производ од фабриката до дистрибутивните центри;
- Планирање и организирање на испорака на повратна амбалажа до фабриката од дистрибутивните центри;
- Организирање на испорака на суровини и репроматеријали до фабриката;
- Контрола на залихите во магацините;
- Контрола на возниот парк.
- ВСС - Економски факултет или некој од техничките факултети;
- Силни организациски и комуникациски способности;
- Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола - Б категорија ќе се смета за предност.
- Стимулативен финансиски пакет;
- Обуки и можност за професионално напредување;
- Динамична и професионална работна средина;
- Тимска атмосфера.