Сакаш да направиш промена во 2022-ра?
Амбициозен/амбициозна си и спремен/спремна си да преземеш одговорност, да водиш етаблиран бренд и развиваш нови услуги?
Р3 Инфомедиа има отворена работна позиција: Директор на одделот за дигитални медиуми и дигитални услуги.
Кои сме ние?
Р3 Инфомедиа e фирмата креатор на Златна книга (www.zk.mk), 2 пати избрана за Superbrand на Македонија, 2 пати избрана за најдобар компаниски профил на Twitter, креатор на www.marketkonekt.com и www.inone.mk.
Во моментов имаме отворена работна позиција:
ДИРЕКТОР НА ОДДЕЛОТ ЗА ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ И ДИГИТАЛНИ УСЛУГИ
- Имаш искуство и пасија за дигитален маркетинг.
- Менаџерско искуство - минимум 3 год. водење на тим или фирма.
- Искуство во соработка со мали и средни клиенти.
- Надпросечна плата и бонус базиран на твоите и тимските резултати.
- Комплетна поддршка и менторирање од страна на сегашниот менаџмент следните 6-12 месеци.
- Можност за реализирање на твои концепти и идеи.
- Можност за работа со најдобриот продажен тим во Македонија.
- Маркетинг комуникација за постојните брендови.
- Развој на нови дигитални маркетинг услуги за мали и средни фирми.
- Менаџирање на тим од 6-7 колеги.
Сакаш да аплицираш? Пиши ми краток меил (тоа што ти сметаш дека е важно) и прати ми твое CV на vladimir@zk.mk до 05.01.2022.
Имаш прашања? Пиши ми на истиот меил.