Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.
Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.
Ресорт Маврово вработува
ШЕФ ВО КУЈНА
Работни одговорности на Шеф на кујна во Ресорт Маврово ДОО:
- Го организира процесот на работа во кујната;
- Ја организира и контролира работа на персоналот.
- Се грижи за постигнување на бараниот квалитет на производот и стандардите за презентација на сета храна што се служи во хотелите;
- Го контролира квалитетот на производите, менувањето на залихите, квалитетот и количината на набавките, цената на чинење на порцијата, со цел да се постигне повисок профит;
- Одговорен е за прием и правилно чување на потребните прехранбени производи и други материјали.
- Планира и асистира во пресметката на трошоците поврзани со кујна и врши попис на кујна секој месец;
- Врши редовна проверка на инвентарот на кујната и одговара за неговата точност.
- Се осигурува дека кујната работи согласно законски пропишаните минимално - технички услови за работа, т.е., согласно пропишаните здравствени, санитетски и технички безбедносни услови за работа;
- Подготвува шведска маса, пансионски оброци за гостите, оброци за вработените на хотелот, подготовка на a la carte храна ;
- Подготовка на јадења со месо подговтени на скара и соодветни сосови;
- Се грижи за одржување на хигиената во кујната и за личната хигиена на вработените во неа;
- Врши контрола на техничката исправност на уредите во кујната;
- Одговара за материјалното и финансиското работење на кујната.
- Соработува со менаџерот на ресторанот за подготовка на список на јадења и мени карта;
- Активно учествува во професионалното екипирање во кујната;
- Врши постојано обучување на персоналот во кујната согласно пропишаните стандарди и ја унапредува и одржува позитивната тимска работа;
- Ги извршува административните должности кои ги бара политиката и процедурата на работењето во хотелот (изработка на периодични и месечни извештаи за работењето, оценка за остварените работни резултати на персоналот во кујната).
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Организациски, менаџерски и лидерски вештини;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата;
- Лојалност и чесност;
- Способност за градење на тим;
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик и носи брзи правилни одлуки;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и спретност;
- Педантност во работатa.
Потребни квалификации и одговорности:
- Потребно е работно искуство од мин. 4 години како Шеф на кујна;
- Добро познавање на македонска и странски кујни;
- Претходно работно искуство во хотел ќе се смета за предност;
Доколку станете наш вработен добивате:
- Сместување и 3 оброци;
- 4 - 8 слободни денови во месецот и подмирени трошоци за превоз;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Можност за напредок, награди и бонуси;
- Обуки и тим билдинг активности;
- Можност за користење на теретана и спа центар, бесплатна карта за жичарница.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни ја Вашата комплетна апликација (CV, Мотивационо писмо, Диплома од последно завршено образование, Сертификати соодветни за работната позиција, Препораки од претходни работодавачи) на следниот меил: hr@resortmavrovo.com и во subject наведете „Шеф на кујна“.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски – Сектор за Човечки ресурси, Ресорт Маврово.
Рок за пријавување на огласот: 05.02.2022
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.