Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
УНИ БАНКА
Директор на Дирекција Човечки Ресурси
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
Високо стручно образование;
Најмалку 5 години релевантно работно искуство во делот на човечки ресурси;
Многу добро познавање на англиски јазик (вербално и писмено);
Напредно користење на MS Office;
Одлични организациски и комуникациски вештини;
Вештини за презентирање;
Способност за работа под притисок.
Одговорност и задачи:
Ја раководи,организира, координира и контролира работата во Дирекцијата;
Се грижи за оптимален тек на работните процеси и усогласеност на работните обврски и задачи на вработените со актуелните законски прописи од областа на трудовото право;
Го анализа пазарот на труд и следење на можностите и заканите;
Развивање на план и стратегија за развој на човечките ресурси во Банката;
Следење на потребите од човечки ресурси во Банката и обезбедување на истите;
Следење на исполнувањето на задачите и одговорностите на вработените во координација со нивните претпоставени;
Предлози за мотивирање, казна, развој, обука на вработените;
Поставување на систем за мерење на перформанси кај вработените;
Организира и спроведува пресметката на плата и надоместоци;
Организира и спроведува интервјуа на кандидати за вработување заедно со други директори нa дирекции;
Организира изготвување на договори за работа, решенија за распоредување, дисциплински мерки и други поединечни акти;
Ја претставува Банката пред трудовите и други инспекциски органи од аспект на работни односи и заштита на безбедност и здравје при работа.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 25.01.2022 година.
Со пријавување на објавениот оглас, ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Банкарство изнесува 34.278 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!