Друштвото за проектирање, надзор и инжинеринг ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДООЕЛ Велес е компанија лоцирана во Македонија, чија примарна дејност е проектирање и стручен надзор над изведба на патишта.
Административен асистент
Идеалниот кандидат би бил високо мотивирана и одговорна личност, ориентирана кон детали и запазување на рокови, и добар тимски играч во тим на млади професионалци.
Опис на работнo место:
- Поради потреба од административна помош во спроведувањето на тековните и идните проекти, во потрага сме по одговорна личност, ориентирана кон детали, личност која почитува зададени рокови, добар тимски играч и со одлично познавање на Aнглиски јазик (пишан и говорен)
Минимум потребни квалификации:
- Образование: Минимум ССС или ВСС во областа на економија, право, градежништво или сродни технички науки;
- Работно искуство: Претходно искуство на слична работна позиција и искуство со работа на проекти финансирани од странски фондови во земјата и познавање на процесот на аплицирање за ваков тип на проекти, ќе се смета за предност;
- Претходно искуство со FIDIC договори ќе се смета за голема предност;
- Вештини за управување со проекти, вклучително и спроведување на комплексни проекти во областа на градежништвото;
- Одлично познавање на Англиски јазик (пишан и говорен) и српски/хрватски јазик;
- Одлично познавање на Excel и MS Office алатки;
- Возачка дозвола „Б“ категорија;
Опис на работни задачи:
- Вашата улога како Административен асистент на проект би била да помогнете во проценка, имплементација, координација, следење и спроведување на дневни активности за тековните проекти. Закажување состаноци, нарачување канцелариски материјали и слични административни канцелариски активности се исто така дел од овој опис на работно место.
- На дневна основа потребна е подготовка на документи, електронско архивирање и праќање и прием на пратки;
- Следење на финансиските параметри на договорот и подготвување налози за фактурирање и исплати;
- Други работи од значење на проектите кои се во тек;
Бенефиции:
- Плата 30.000 денари;
- Годишен одмор од 25 работни дена;
• По електронска пошта на е-маил адресата: info@institut.mk
• По пошта на адреса: ул. Даме Груев бр. 18, Скопје најдоцна до 31.01.2022 година.
Работното време започнува од 08:30 часот до 16:30 часот.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.