Vrabotuvanje.com - Стручен соработник / Медицински претставник - Југоисточна Македонија - Богданци, Валандово, Гевгелија, Радовиш, Струмица - НОБЕЛ ИЛАЧ САНАЈИИ ВЕ ТИЏАРЕТ А.Ш
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Стручен соработник / Медицински претставник - Југоисточна Македонија

Богданци, Валандово, Гевгелија, Радовиш, Струмица

Рок за пријавување:

  • НОБЕЛ ИЛАЧ САНАЈИИ ВЕ ТИЏАРЕТ А.Ш


 

Фармацевтската компанија НОБЕЛ ИЛАЧ Санајии ве Тиџарет А.Ш, со главно седиште во Р. Турција, има долгогодишно работно искуство во фармацевтската дејност, фабрики за производство на лекови во 3 земји, над 20 претставништва и врши извоз на своите производи во 50 земји ширум светот.

NOBEL ILAC Sanayii ve Ticaret A.Ş Претставништво Скопје, распишува оглас за вработување, се бара:
 
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК / МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
1 (еден) извршител
 

Југоисточна Македонија

Опис на работни задачи:

  • Секојдневни посети на лекари и фармацевти во местото на работа
  • Дневно и неделно пишување на планови и извештаи за извршените задачи
  • Групни презентации, службени патувања, учество на конгреси, семинари и симпозиуми

Потребни квалификации:

  • ВСС од областта на фармацевтски, медицински или стоматолошки факултет
  • Високо развиени вештини за продажба, комуникација и преговарање
  • Одлични организациски способности и вештини на планирање
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point)
  • Поседување возачка дозвола Б категорија  (искусен возач)

Професионални способности и вештини:

  • Да поседува висок личен интегритет,
  • Напредни продажни вештини,
  • Способност за самостојно и независно работење,
  • Способност за справување со стресни и конфликтни ситуации,
  • Комуникациски и презентациски способности,
  • Работа во тим,
  • Прецизност, точност, аналитичен пристап во работењето,
  • Деловен и професионален однос. 

Наша понуда:

  • Плата + бонуси,
  • Обезбедено службено возило.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 08:30 до 16:30 часот.

Доколку објавената позиција ја сметате за добра можност за Вашиот професионален развој, Ве молиме да испратите мотивациско писмо и професионална биографија/CV, најдоцна до 31.01.2022 година. Документите ќе бидат разгледани во полна дискреција. Само најдобрите кандидати ќе бидат поканети на интервју.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

*Aпликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги испратат преку полето "Брза Апликација". Во очекување сме на Вашите апликации!

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде