Vrabotuvanje.com - Работници за магацинско работење - спремачи на роба - Скопје, Илинден - Кам маркет
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Работници за магацинско работење - спремачи на роба

Скопје, Илинден

Рок за пријавување:

  • Кам маркет

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа. 
 
НОВИОТ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР се наоѓа во населбата Илинден, на вкупна површина од 60.000 m2, и 16.000 m2 магацински простор во кој се сместени 6.800 палети во магацинот за сува стока и 2.500 палети на контролирана темепратура за замрзнати и фрижидерски производи, овошје и зеленчук и свежо месо, се извршува дневен прием на роба, спремање и достава на артиклите до сите наши маркети. Магацинот има 32 модерни рампи за утовар и истовар и располага со современа опрема за работа и најсовремени електрични вилушкари.
 
Со цел проширување на тимот, бараме личности кои ќе се придружат на нашиот тим на работна позиција:
 

РАБОТНИЦИ ЗА МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ - СПРЕМАЧИ НА РОБА

 

Работни задачи:

  • Спремање на роба со ПДА-уред со помош на современ систем за магацинско работење ВМС, 
  • Современа опрема за работа и најсовремени електрични вилушкари,
  • Максимално внимание и грижа за стоката во магацинот,
  • Познавање на правилата за редење на стоката на палета, 
  • Стречирање на спремната палета,

Потребни квалификации:

  • Средно образование,
  • Сигурност, флексибилност,
  • Здрава личност, силна, способна за работа во тим,
  • Најмалку 1 година работно искуство во подготовка на стока и магацинско работење, ќе се смета за предност

Ние Ви нудиме:

  • Обемно воведување во работата со обука, сертифицирање согласно перформанс за спремени пакети, брзина и грешки при спремање;
  • Навремени и сигурни примања;
  • Вработени со работно искуство од најмалку 1 година почетна загарантирана плата од 21.900 ден. во зависност од постигнатите резултати плата од 28.500 ден. плус додатоци;
  • Вработени без искуство прв месец на обука плата 18.700 ден., втор месец на обука работа со ментор и плата од  21.900 ден. трет месец предвидената плата 28.500 ден. во зависност од остварните резултати и постигнатите нормативи. За време на целата обука ќе бидете обучувани од искусен персонал и надгледувани од менторот кој ќе Ви биде доделен;
  • Дополнително платен секој изработен час и од законски предвидените работа во недела и платена работа во сабота;
  • Минимизирање на физичката работа со користење на современа опрема за работа и најсовремени електрични вилушкари;
  • Регрес 30.000 денари;
  • Обезбеден топол оброк;
  • Слободен ден за роденден;
  • Картичка со попуст за вработени;
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во Кам;
  • Платено колективно осигурување од првиот месец;
  • Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден;
  • Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид;
  • Работа во интернационална компанија, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини.
 
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр.39, 1041 Илинден или електронски преку полето Брза Апликација.
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница
 
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде