
Oглас за работна позиција: Техничар во Одделение Геотехничка Оператива
Минимум потребни квалификации:
- Образование: ССС (профил: технички средни училишта)
- Со работно искуство
- Англиски јазик ќе се смета за предност
- Познавање на MS Office, Интернет алатки
- Возачка дозвола - Б категорија
Дополнителни квалификации/вештини:
- Со напредно техничко познавање на тешки моторни возила и теренски возила
- Со работно искуство во областа и напредно познавање на организациски и технички процеси
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
- По електронска пошта преку Брзата Апликација
- По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 24.02.2022 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.