Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата
Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
Машински инженер во Одделение за машинско одржување
Избраниoт кандидат ќе бидe дел од тимот за машинско одржување на опремата во фабриката применувајќи ги најдобрите методи за превентивно и предиктивно одржување, планирање и распоред на активности за редовно одржување, подготовка на извештаи, оптимизација на залихи на резервни делови, учество во подготовка и имплементација на нови проекти. Ќе бидe задолжен за планирање, координирање, изведба и контрола на зафати за машинско одржување според меѓународните и најдобрите технички стандарди, компаниските процедури, следејќи ги националнте законски регулативи за безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина. Извршувањeто на задачите во најголем дел е самостојно, како водач на тим или дел од тим. Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот. Основната нето плата за работното место е .37.000 до 44.000 денари.
Квалификации на кандидатите:
- Машински инженер, ВСС/VII степен
- Работно искуство од 2+ години
- Одлично познавање на англиски јазик, германски јазик ќе се смета за предност
- Компјутерски вештини – MS Office, AutoCAD (2-D),
- Желба за работа во средина со високи барања
- Лидерски, комуникациски и организаторски способности
- Способност за критичко, аналитично и логичко размислување
- Динамичност, ефективност и ефикасност
- Посветеност, мотивираност, иницијативност
- Тимска работа, кооперативност
- Флексибилност и адаптибилност
Машински техничари во Одделение за машинско одржување
Работното време е од 08:00 – 16:00 часот. Нето плата за работното место е од 25.000 до 29.000 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.
- ССС/IV степен на стручна подготовка, машински техничар
- Работно искуство во одржување од најмалку 2 години ќе се смета за предност
- Лиценца за заварување и користење вилушкар, ќе се смета за предност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: