Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЖИТО ЛУКС
Жито Лукс, Скопје произведува и продава леб и мелни производи првенствено во Македонија. Нуди традиционален и посебен леб, разни видови брашно, бисквити, пченично брашно, пченични никулци и други пекарски производи. Сега компанијата го проширува својот тим за производство и бара
ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕХНИЧАР
Опис на работните задачи:
Врши земање и евиденција на примероци за контрола по одредена динамика
Врши контрола на примероците со примена на соодветни физички анализи
Врши анализа на пченица и брашно, според стандарди
Води евиденција за добиените резултати
Го известува претпоставениот за извршените работни задачи и појавените неусогласености
Извршува работни задачи во согласност со барањата на стандардите за квалитет и безбедност на храна
Извршува и други работни задачи по налог на Супервизорот на Лабораторија
За својата работа одговара пред Супервизорот на лабораторија и Директорот на Секторот за производство
Потребни квалификации:
Завршено средно образование
Пожелно е претходно искуство, но не е неопходно
Сите заинтересирани кандидати можат да ја испратат својата апликација преку полето Брза Апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!