Vrabotuvanje.com - Дипломиран Инженер Архитект-Планер - Скопје - ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Дипломиран Инженер Архитект-Планер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.ДОО Скопје
 
 
 
Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина.

Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
 

Oглас за работна позиција: Дипломиран Инженер Архитект-Планер
 
 
Опис на работно место: 
  • Одговорен проектант – планер во Сектор Проектирање
  • Минимум потребни квалификации: 
  • Образование: Дипломиран инженер архитект – ВСС Архитектонски факултет (изработка и ревизија на урбанистичко-планска документација);
  • Работно искуство: Со искуство во изработка на урбанистичко-планска документација и за апликација на огласот задолжително е инженерот да поседува: Овластување за изработка на урбанистичко – планска документација (Урбанистичко планирање);
  • Познавање на Англиски јазик (пишување и комуникација);
  • Компјутерски познавања: AutoCAD и MS Office.

Дополнителни квалификации/ вештини/ познавања:  
  • Способност за тимска работа, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата; 
  • Познавање и примена на законската регулатива во Република Северна Македонија.

Опис на работни задачи: 
  • Изработка и ревизија на урбанистичко-планска и проектна документација од областа на архитектурата. 

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
  • По електронска пошта преку полето Брзата Апликација
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 26.02.2022 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор. 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Градежништво, Геодезија и Геологија изнесува 25.150 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде