Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
МИК ДОО СВЕТИ НИКОЛЕ
МИК ДОО СВЕТИ НИКОЛЕ има потреба од следната работна позиција
РАКОВОДИТЕЛ (ОДГОВОРЕН ПРОДАВАЧ) ВО МЕСАРНИЦА ВО БИТОЛА И ВО СТРУМИЦА!
Одговорности и задачи:
Го организира, раководи и управува со целокупното материјално финансиско работење во продавницата
Уредно води и издава материјално финансиска документација во продавницата
Врши редовна уплата на дневниот пазар од продавницата на сметката на работодавачот
Врши нарачки, прием, складирање и одржување на производите од асортиманот на МИК Свети Николе
Се грижи за инвентарот и опремата во продавницата
Врши љубезно услужување и продажба на стоки во продавницата
Ракува со фискалната каса и одговара за нејзината точност и исправност.
Одлучува за избор на вработени и престанок на работниот однос, одговара за нивното работење
Се грижи и одговара за хигиената и исправното работење на продавницата согласно законските и подзаконските прописи
Раководителот на малопродажниот објект како обезбедување на побарувањата потпишува меница
Потребни квалификации:
Предност ќе имаат стручните работници со ССС
Претходно работно искуство ќе се смета за предност
Вашите пријави испратете ги преку полето Брза Апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!