Vrabotuvanje.com - Контролор за влезна контрола - Велес - БРАКО ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Контролор за влезна контрола

Велес

Рок за пријавување:

  • БРАКО ДОО

БРАКО е македонска металопреработувачка компанија која е основана во 1947 година и која произведува огромен асортиман на производи. Денес БРАКО е извозно ориентирана компанија со преку 500 вработени, каде над 90% од производите се наменети за извоз и претставува претпознатлив бренд за производство на секаков вид жичани производи, тешки метални конструкции (куќишта за хидро турбини, модуларни контејнери итн.), широка палета на медицински мебел и медицински помагала како и претпознатливите возила за чистење улици и јавни површини чие производство, склопување и развој се врши во Република Македонија.
 
 
Поради зголемен обем на работа имаме потреба од работници на следните работни позиции:
 
КОНТРОЛОР ЗА ВЛЕЗНА КОНТРОЛА

 
Работни задачи:
  • Вршење на влезна контрола со помош на различни мерила и постапки;
  • Подготовка на соодветна документација за евидентирање на спроведената контрола;
  • Активно учество во управување со неусогласени делови, полупроизводи и производи;
  • Активно учество во процесот на справување со рекламации од клиенти и рекламации до добавувачи;
  • Имплементација на барањата на системот за управување со квалитет поврзани со работната позиција, барањата на клиентите и пренесување на потребните информации до сите вклучени во процесот.
 
Потребно образование и способности:
  • Најмалку ССС
  • Основно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на работа со MS Office;
  • Работно искуство во областа контрола на квалитет ќе се смета за предност;
  • Подготвеност за работа во динамична средина;
  • Ефективност, ефикасност и одговорност при исполнувањето на обврските;
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност;
  • Тимска работа и кооперативност.
 
Вештини:
  • Подготвеност за работа во динамична средина
  • Способност за тимска работа
  • Ефективност, ефикасност и одговорност при исполнувањето на обврските
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
 
Што нудиме:
  • Можност за работа во динамична работна средина, стекнување и унапредување на знаење и искуство од искусни обучувачи, добар социјален пакет, продолжување по стапките на нашите партнери во задоволување на барањата на купувачите насекаде во светот. 
     
Доколку сте заинтересирани за кариера во нашата компанија испратете ја вашата работна биографија преку полето Брза Апликација.
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани.
Прашања и повеќе информации на тел. 075 293 691.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде