ДПТУ Брако ДОО од Велес има потреба од:
РЕФЕРЕНТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ
Работни задачи:
- Исполнување на барањата на ISO стандардите, преку надоградување и одржување на Интегрираниот Систем за Управување (ИСУ);
- Подготовка на соодветна документација за имплементација на ISO стандардите
- Обезбедување успешна ресертификациска постапка, за продолжување на валидноста на ISO сертификатите;
- Контрола на имплементацијата на Интегрираниот систем за Управување во организацијата;
- Организација, учество/спроведување на интерни проверки за Интегрираниот систем за Управување;
- Активно учество во процесот на справување со рекламации од клиенти и рекламации до добавувачи;
- Имплементација на барањата на Интегрираниот Систем за Управување поврзани со работната позиција, барањата на клиентите и пренесување на потребните информации до сите вклучени во процесот.
Потребно образование и способности:
- ВСС;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на работа со MS Office;
- Најмалку 1 година работно искуство во имплементација на ISO стандарди (ISO9001, ISO14001, ISO45001).
Вештини:
- Подготвеност за работа во динамична средина;
- Ефективност, ефикасност и одговорност при исполнувањето на обврските;
- Посветеност, мотивираност, иницијативност;
- Тимска работа и кооперативност.
Што нудиме:
- Можност за работа во динамична работна средина, стекнување и унапредување на знаење и искуство од искусни обучувачи, добар социјален пакет, продолжување по стапките на нашите партнери во задоволување на барањата на купувачите насекаде во светот.
075 293 691.