Компанијата МЕЛМАКС БМ се занимава со дистрибуција и продажба на материјали за градежништво од земјата и од странство. МЕЛМАКС БМ е основана 1993 година и со своето професионарално работење успева да ја заземе водечката позиција во оваа дејност. Компанијата е лоцирана на две локации дирекција Порта Влае и склад во Визбегово што претставува и диструбутивен центар за испорака на материјали за нашите купувачи.
МЕЛМАКС БМ има потреба од
ФИНАНСИСКИ КОНТРОЛОР
Локација – Порта Влае - Скопје
- Завршено високо образование од областа на економски науки,
- Напредни компјутерски вештини и познавање на MS Office пакетот,
- Познавање на англиски јазик и регионални јазици (вербална и писмена комуникација),
- Пожелно претходно работно искуство.
- Ажурирање податоци во база на податоци,
- Изготвување биланс на успех и биланс на состојба на месечно ниво,
- Изготвување на месечни извештаи за трошоци,
- Изготвување останати месечни, квартални и годишни извештаи за управување со повеќе деловни единици,
- Изготвување на финансиски анализи, финансиски модели и сценарија,
- Контрола на аналитичка сметководствена евиденција,
- Учествување во калкулации на цени.
- Лојалност и чесност,
- Организираност и одговорност,
- Исполнителност и професионалност,
- Прецизност и темелност,
- Aналитичност и уредност,
- Флексибилност за индивидуално и тимско работење.
Компанијата нуди обука на одбраниот кандидат, редовни месечни примања, одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим и можност за континуиран, професионален развој и напредување.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно ги поседувате горенаведените критериуми ве молиме испратете ја вашата кратка биографија (CV) преку полето Брза Апликација со предмет (subject) Финансиски контролор.