Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЕУРО ТАБАК ДОО
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Администратор - Скопје
Локација: Скопје
Оддел: Продажба
Рок за пријавување: 09.03.2022
Позиција: 1
Цел на работното место:
Одговара за квалитетно и навремено изготвување на целокупната магацинска документација од прием до утовар на возило за достава. Ги дефинира збирните испораки по возило и одредува дневни рути на движење на возилата. Врши прием по документи, проверува испорака на стоки и материјали во Централните магацини и ги врши сите административни и технички работи.
Услови за работа:
Редовна месечна плата;
Полно работно време- 40 часа;
Работа на определено време;
Пријатна работна атмосфера;
Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Потребни квалификации:
Средно или високо образование;
Пожелно е поседување возачка дозвола, Б категорија;
Најмалку 2 години работно искуство во вршење на општи, административни работи.
Компјутерски вештини,добро познавање на MS Office package ( Word, Excel, PowerPoint, Outlook)
Искуство во работење со магацинска опрема;
Општо познавање на модерната комуникациска технологија;
Познавање на транспортни возила и товарни вилушкари
Работни задачи:
Контрола при прием на стоки и материјали;
Управува со докумнетација и податоци;
Евиденција на стоки и материјали;
Проверка и попис на залихи;
Примена на процедури;
Други задачи по налог на претпоставениот
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна на следниот линк и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 09.03.2022
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!