B.M Group е семејна групација, присутна на албанскиот и регионалниот пазар од 2004 година. Компанијата е ангажирана првенствено во директна дистрибуција во сите канали на продажба.
B.M Group со трговија и дистрибуција покрива 10 пазари под добро воспоставени, посебни правни лица во: Албанија, С.Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Грција, Англија и САД.
B.M Group портфолиото има ексклузивност во продажбата на брендовите на Royal Swinkels Family Brewers кои се втори најголеми извозници на пиво во Холандија. Дел од брендовите се и Energy Drink B52, Bavaria Beers и други алкохолни и безалкохолни пијалоци
Фокусот на компанијата е на квалитетот, иновативноста и диференцијацијата.
Имаме потреба од:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА АМБУЛАНТНА ПРОДАЖБА
М/Ж – ЗА РЕГИОН: СКОПЈЕ
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Врши посета на зададен регион според рута за посета и преговара за продажба и изложување на производите
- Се грижи за залихите, изгледот и позиционирањето на производите во постоечките продажни објекти
- Континуирано освојува нови продажни места и професионални односи со постоечките клиенти
- Презентирање и продажба на постоечки и нови производи кај постоечките и потенцијални купувачи
- Се грижи за комплетното портфолио и залихите кои треба да се испорачат
- Одговара за исправноста и хигиената на задолжените средства (возило, технички апарати) и за соодветно чување, складирање и ракување со готовите производи кои се предмет на продажба
- Договорање на поставување на дисплеи, полици у ладилници и нивна употреба
- Ги следи активностите на конкуренцијата и дава предлози за подобрување на севкупното работење
- Извршува останати работни задачи кои се доделени од претпоставените
ПОТРЕБНО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО
- Завршено минимум ССС
- Минимум 1 година искуство во продажба на алкохолни/безалкохолни пијалоци или прехрана
- Познавање на MS Office пакет
- Возачка дозвола Б категорија
- Развиени комуникациски и продажни вештини
- Проактивност, планирање на дневни/неделни/месечни активности
- Уредност, одговорност и флексибилност
- Тимски работник
- Работа со интернационални премиум брендови
- Редовни месечни примања и можност за напредување
- Месечни бонуси согласно остварени резултати во продажба и наплата
- Дополнителен регрес и награди согласно утврдени критериуми на годишно ниво
- Работа во пријателска и динамична работна атмосфера
- 40 работни часа неделно, распределени во 6 работни дена
- Нето плата 24.500-45.000 денари
Доколку Вашата иднина ја гледате како член на нашата компанија, испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.
БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА е дел од BМ GRОUP – есклузивен дистрибутер на ROYAL SWINKELS FAMILY од Холандија за регионите на Македонија, Србија, Грција, Црна Гора, Косово, Албанија, Словенија