Скопје Ист Гејт е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил.
За потребите на одделот за финансии распишуваме оглас за
КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР
Одговорности и работни задачи:
- Изработува извештаи/анализи за сите материјално-финансиски промени и трансакции во Друштвото во согласност со сметководствената политика и законската регулатива, Групациските политики и процедури
- Ги идентификува неправилностите во работењето и дава препораки за мерки за отфрлање на ризикот и заштеда на трошоците,
- Ги изготвува интерните правила и процедури на работење,
- Спроведува интерни контроли за примена на воспоставените процедури од страна на вработените во Друштвото
- Обезбедува објективни совети и насоки за вработените во Сметководство и Финансии
- Врши книжење во компјутерскиот/сметководствениот програм на Друштвото и врши контрола на аналитичките картици поврзани со прокнижени документи
- Врши надзор на други соработници
Потребни квалификации:
- Лиценца за овластен ревизор
- 10 години искуство во најголемите 4 ревизорски куќи
Работни услови:
- Компензација во согласност со искуството и работните обврски
- Ресурсите за работа се обезбедени од страна на работодавецот
- Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
Доколку сакате да станете дел од овој возбудлив проект и воедно ги исполнувате потребните квалификации, доставете ја вашата кратка биографија преку означеното поле.