Vrabotuvanje.com - Проект лидер - Скопје - ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДООЕЛ
 
 

ТЕ-ТЕ ПЛАСТ д.о.о.е.л. е извозно ориентирана компанија која што се занимава со изработка на алати/калапи за бризгање/дување пластика, лиење на алуминиум и сериско производство и монтажа на компоненти од пластика. 

ТЕ-ТЕ ПЛАСТ објавува ОГЛАС за работна позиција:
 
ПРОЕКТ ЛИДЕР (1 лице)
 
 

Одговорности:

  • Следење на барањата и трендовите на пазарот
  • Идентификување на пазари во развој и промени на пазарот
  • Анализа на потенцијални клиенти
  • Воспоставување контакт и претставување на компанијата пред потенцијалните клиенти
  • Креирање и имплементирање на стратешки бизнис план кој ја проширува клиентската база на компанијата
  • Постигнување на раст на продажбата преку план кој што ќе се презентира пред врвното раководство во фаза на планирање и во фаза на реализација на одреден временски период
  • Сопствено регрутирање, поставување цели, тренинг и следење на перформансите на трговските претставници
  • Тековни извештаи за продажба, приходи и расходи и реални прогнози за менаџерскиот тим на месечно, квартално, годишнпо ниво
  • Контрола на месечни и неделни планови
  • Организирање и водење архива
  • Водење записници од состаноци и подготвување на извештај
  • Управување со календарот на директорот, договарање и организирање состаноци
  • Организирање деловни патувања, што покрива организација на патување и сместување
  • Контрола на нарачките на добавувачи (услови, цена)
  • Следење на перформанс на плаќање на добавувачите
  • Контрола на динамиката и обемот на договорените нарачки со клиентите
  • Контрола на продажбата на робата со попуст
  • Контрола на калкулацијата со влезни фактури и впишување (дневно впишување на документите)
  • Контрола на записникот за одобрен попуст

Потребни квалификации:

  • завршено соодветно високо образование - МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ
  • задолжително претходно работно искуство на наведената позиција
  • високо развиени аналитички, организациски и комуникациски способности
  • одлично познавање на MS Office

Способности кои се потребни да се поседуваат:

  • способност за работа во тим
  • одговорност и аналитички способности
  • иницијативност и адаптабилност
  • организациска способност за работа под притисок и запазување на крајни рокови

Ние нудиме:

  • вреднување и наградување на вашата работа и залагање
  • стабила и позитивна работна атмосфера во професионален, динамичен и млад тим во пријатно работно опкружување
  • предизвик, стабилност и можност за учење и напредување
  • континуирано усовршување

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат и да достават свое CV преку полето Брза Апликација, со назнака: Апликација за работно место: Проект лидер. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Те-Те Пласт д.о.о.е.л.
Ул. Борис Трајковски 135,1000 Скопје
T: +389 2 2467 741, Ф: +389 2 2467 742
www.teteplast.com 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде