КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
ФАСИЛИТАТОРИ ЗА LEAN OPERATIONAL EXCELLENCE
Коj ќе бидe водечкиa фигурa во имплементацијата на Lean методологијата и проектите во рамките на КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, но и пошироко.
Работни задачи и одговорности:
- Учество во интензивна обука за фасилитатор за LEAN Operational Excellence.
- По завршувањето на обуката распоредување на работно место во рамките на организација надлежна за континуирано подобрување и имплементацијата на различни LEAN проекти и иницијативи;
- Идентификација и реализација на потенцијалите за оптимизација во оперативен контекст;
- По потреба, извршување на различни LEAN проекти нa интернационални локации каде што е присутна Групацијата КОСТАЛ;
- Други работни задачи по налог на претпоставените раководители;
Образование, искуство, вештини, личносни карактеристики:
- ВСС, пожелно од техничките науки;
- Пожелно претходно работно искуство во производствена средина;
- Пожелни претходни познавања и работа со имплементација на Lean методологија, или работа на проекти и иницијативи за континуирано подобрување;
- Ентузијазам за учење на нови нешта и тежнеење кон оперативна одличност во рамките на организацијата;
- Интерес за прашања и процеси од областа на производството;
- Прифаќање и тежнеење кон континуирано и одржливо подобрување на процесите;
- Изразени способности за организација и управување со проекти;
- Интерес за нови идеи, концепти, алати и култури.
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Одлично познававање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint);
- Спремност за чести патувања, подолги престои во странство заради обука и/или работа;
- Нагласена проактивност, одлични вештини на комуникација и презентација со сите нивоа на организацијата, способност за раководење и мотивирање на тимови, вештини на донесување на одлуки и справување со конфликти;
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето Брза Апликација со назнака (ФАСИЛИТАТОРИ за LEAN OPERATIONAL EXCELLENCE)
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.