Vrabotuvanje.com - Референт на материјална евиденција за магацинско работење - Куманово - СТИЛ КОН ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт на материјална евиденција за магацинско работење

Куманово

Рок за пријавување:

  • СТИЛ КОН ДООЕЛ

 

 

ДПТУ Стил Кон Дооел Куманово, членка на  Gerliko Group од Холандија, е компанија основана во Македонија со главна дејност производство и монтажа на челични конструкции и преработка на арматурно железо со 14 годишно искуство.
 
Лоцирана во Мл. Нагоричане, одалечена 10 км од Куманово на магистрален пат Куманово-Софија. 
 
Во моментот имаме потреба од вработување на: 

РЕФЕРЕНТ НА МАТЕРИЈАЛНА ЕВИДЕНЦИЈА ЗА МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ


ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Образование – Високо или ССС
  • Одлично познавање на Microsoft Office
  • Добро познавање на Англиски јазик (пишување и говорење)
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Тимска работа и кооперативност

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Внесување на примениот материјал во ЕРП по извршена контрола од магационерот
  • Отварање на работни налози за производство на челични конструкции и арматура
  • Внесување-отварање на нови проекти  за челични конструкции и арматура во ЕРП
  • Лоцирање на материјалот од залиха и требовање на материјалот во ЕРП
  • Поврат на неискористениот материјал во ЕРП
  • Издавање на готов производ и креирање соодветна документација во ЕРП
  • Месечна проверка на готов и полупроизвод во соработка со шефот на производсто
  • Подготвување на месечни извештаи за произведените количини  на челик и арматура
  • Подготвување на месечни извештаи за состојбата во магацинот (репро материјали, полу производ, готов производ) во соработка со магационерот
  • Доставување на месечните извештаи до финансискиот оддел
  • И други административни задачи во ЕРП
  • Почитување на сите БЗР правила и стандарди и преземање на сите БЗР мерки при извршување на дневните обврски
 

Предност при вработување ќе имаат лица со искуство со ЕРП програмот Пантеон и со искуство во металната индустрија.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме вашите апликации испратете ги преку полето Брза Апликација со назнака “Референт на материјална евиденција во сметководство и логистика” или на info@steelcon.mk
 
Ве известуваме дека само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде