Vrabotuvanje.com - Референт во Дирекција Маркетинг и реклама и Односи со jавноста - Скопје - УНИ БАНКА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт во Дирекција Маркетинг и реклама и Односи со jавноста

Скопје

Рок за пријавување:

  • УНИ БАНКА


 

УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. 
 
Нашата визија е да бидеме константно лидери во иновации на пазарот, следејќи ги светските/европските банкарски трендови и нивното имплементирање на домашниот пазар, на тој начин нудејќи им поволности и екстра бенефиции на своите клиенти.
 
Целта ни е да одбираме млад кадар и да им овозможиме своето работно искуство да го стекнат во нашата банка. Вработените постојано се едуцираат со можности за брз напредок во својата кариера.
 
 

 Работно место: Референт во
Дирекција Маркетинг и реклама и Односи со jавноста

 

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • Високо образование - насока Маркетинг/реклама/комуникација
  • Минимум 3 години работно искуство на истата или слична позициjа;
  • Напредно користење на MS Office и други софтверски производи специфични за професијата;
  • Многу добро познавање на англискиот јазик
  • Одлични комуникациски /усни и писмени/ вештини и интерперсонални способности
  • Аналитички вештини
  • Способност за функционирање во динамична средина, со изострено око за детали
  • Креативност и само-мотивираност;
  • Поседување возачка дозвола;

Одговорност и задачи:

  • Учествува во изработувањето на годишниот маркетнинг план за акции и промотивни кампањи за промоција на продукти/услуги на Банката;
  • Учествува во подготовката на медиа планови за реклама на atl, btl-активности, ТВ, интернет портали, радио, весници, билборди, надворешно брендирање;
  • Учествува во Изработувањето на Brif до Маркетинг агенција, предлози за идејно дизајнерско решение на одредена реклама за конкретен продукт/услуга или имиџ кампања;
  • Предлага и учествува во создавањето на различните видови рекламни материјали, текстови на флаери, постери, каре за медиуми и други;
  • Спроведување медиумско истражување
  • Дефинирање целна публика
  • Учества во администрацијата на веб страната и на интерната веб страна UNINet во дозволените делови преку позадинска апликација;
  • Управување со социјалните медиуми: Стратегија за содржина, создавање содржина, управување со проекти;
  • Врши графички дизајн и адаптација на дизајн, фотомонтажа;
  • Учествува во организацијата на маркетинг активности;
  • Следи објави поврзани со Банката на интернет;

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик преку полето Брза Апликација, најдоцна до 28.02.2020 година.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде