лица за Дневна нега и грижа за кучиња
Локација: Скопје
АвАв Хепи Дог е лиценциран пет центар за нега и сместување на кучиња. Постоиме од 2017година, и располага со Хотел за миленици, Дневна градинка, Тренинг центар, организација на настани и родендени и фризерски услуги за миленици
АвАв Хепи Дог бара високо мотивирани и одговорни нови членови кои ќе се приклучат на нашиот тим за чување на кучиња !
Дали сакате работа како дел од силен тим кој се грижи за кучиња кои се во градинка, хотел или на фризер во АвАв Хепи Дог Пет Центарот за кучиња?
Дали е ова професија за која секогаш сте сонувале да ја имате ?
УНИКАТНА МОЖНОСТ ЗА ОБУКИ, ТРЕНИНЗИ, НАДГРАДБА НА ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊА ЗА НЕГА НА КУЧИЊА !
Во нашиот хотел за кучиња задоволството и среќата на кучето е пред се, затоа искуството и знаењето за социјална интеракција со кучињата се неопходни. Доколку сте вистински љубител на кучиња и добро комуницирате и со кучиња и со луѓе, бидејќи се работи за тимска работа пријавете се за работното место :
дневна нега и грижа за кучиња
Нашата цел како тим е да им овозможиме на нашите гости одлична услуга во дневната нега и високи стандарди во хотелскиот престој за кучињата. Доколку сакате кучиња, доколку сте хумани, доколку сте смирена и релаксирана личност, доколку сте вредни и работливи и доколку поседувате позитивна енергија и умеете со животните, а кучињата ве сакаат, тогаш побарајте не!
1 Потребни квалификации
- Задолжително познавање на англиски јазик, говорење и пишување
- Задолжително е лицето да е полнолетно
- Совладани вештини за услужност и работа со клиенти
- ССС
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција не задолжително но ќе се смета како предност
- Со живеалиште во Скопје
- Љубезност и педантност, со позитивен став
- Самоиницијативност и посветеност на работата
- Симпатија кон домашни миленици
- Можност за справување со куче
2 Личен профил
- Можност за работа во средина со кучиња (љубител на кучиња)
- Лице кое води сметка за лична хигиена и хигена на работно место
- Комуникативна, одговорна и лојална личност
- Тимска работа и професионален однос кон клиенти
- Завршено образование во областа на ветерина ќе се смета како предност
3 Ние нудиме
- Работа во 2 смени, прва смена од 8:00ч - 16:00ч , втора смена 12:00ч - 20:00ч
- Плата по договор
- Пробен период
- Пријавување со платени придонеси