Vrabotuvanje.com - Маркетинг координатор - Охрид - КАРМЕН БАУЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Маркетинг координатор

Охрид

Рок за пријавување:

  • КАРМЕН БАУЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје
 
 

КАРМЕН БАУЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје е еден од најголемите увозни и идистрибутери на градежни материјали и алати во Македонија, го проширува својот тим поради зголемен обем на маркетинг активности и распишува оглас за вработување на:

Маркетинг координатор - со место на вршење на работните задачи во Охрид
 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • Завршено Високо образование (предност маркетинг, е-бизнис)
  • Минимум 1 година релевантно работно искуство
  • Искуство  во  дигитално рекламирање, онлајн комуникација и активности  на социјалните медиуми
  • Одлично познавање на работа со MS Office
  • Добро познавање на Adobe Photoshop или друга слична апликација
  • Одлично познавање на Англискиот јазик (усно и писмено)
  • Добри комуникациски вештини
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
  • Способност за работа под притисок и исполнување на рокови
  • Искуство во тимска работа и водење на повеќе проекти истовремено

Одговорности и работни задачи:

  • Водење план на маркетинг активности и предлози за нови активности
  • Прибирање понуди и комуникација со медиуми за маркетинг активности
  • Водење буџети и концепти со канали за комуникација на маркетинг активности
  • Планирање, осмислување и реализација на дигитални маркетинг кампањи како поддршка за промоција на продажбата
  • Техничка подготовка на објави на социјални мрежи
  • Организирање на Е-маил, SMS и Мобилен маркетинг
  • Водење на контент маркетинг
  • Анализа и мерење на перформанси на маркетинг активности
  • Дистрибуција на информации до продажниот тима за промотивните активности.
  • Администрирање на производи за онлајн продажба
  • Сервисирање на купувачи од социјални мрежи и онлајн продавница
  • Подготовка на материјали и изработка на каталози и флаери.

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, искуство, квалификации и вештини за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Брза Аплкација, со назнака: “Оглас за маркетинг координатор“.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде