Vrabotuvanje.com - Референт за книговодство - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт за книговодство

Скопје

Рок за пријавување:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги  остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,  насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата 

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН

Има потреба од ангажирање
Референт за книговодство 

Избраниот кандидат ќе извршува работни задачи во Службата за локално сметководство како сметководител односно водење на финансиско сметководство, водење на материјално сметководство, работа со сметководствени програми, како и анализа на трошоци, и други анализи на барање на претпоставениот. Кандидатот треба да има изразени аналитички способности и прецизност во работењето. Работното време е 40 часа неделно и од 08:00 – 16:00 дневно. Основната нето плата за работното место е од 26.000 денари.

Квалификации:

  • ССС/IV степен образование eкономско училиште/ гимназија
  • Работно искуство од најмалку 4 години во вршење на сметководствени работи со познавање на законската регулатива, и применливите сметководствени стандарди 
  • Одлично познавање на МS Office
  • Познавање на англиски јазик

Конкурентски предности за сите кандидати:

  • Желба за работа во средина со високи барања 
  • Динамичност, ефективност и ефикасност 
  • Флексибилност и адаптибилност 
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност 
  • Тимска работа и кооперативност


Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Ангажирањето ќе се спроведе преку агенција за привремени вработувања и предвидено е да биде на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши само на веб страницата 
на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде