Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Gulf Oil
АДМИНИСТРАТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И АСИСТЕНТ ВО ОДДЕЛ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Формирање, чување и надополнување на персонални досиеа на вработените;
Водење и одржување на документацијата за вработените (договори, годишни одмори, отсуства и сл.);
Креирање огласи за вработување и селекција на кандидати;
Пријавување и одјавување на вработени;
Распишување конкурс за работни позиции;
Обезбедување квалитетни услуги за вработените во врска со нивните права од работен однос за добивање на документи (договори за работа, потврди, решенија, одлуки, итн.), како и спроведување на точни административни постапки усогласени со закон и процедури;
Комуникација со релевантни државни институции;
Следење на правни регулативи потребни за работата на компанијата;
Евидентирање и упатување нa вработените на соодветни обуки за безбедност при работа и редовни систематски прегледи;
Следење и евидентирање на јавни набавки релевантни за компанијата;
Асистирање во подготвување и доставување на понуди согласно Законот за јавни набавки;
Асистирање во подготвување на придружна тендерска документација и
Проверка, евиденција и архивирање на Договори за јавни набавки.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
ВСС
Познавање на Англиски јазик;
Познавање на MS Office пакетот;
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
Професионалност и дискретност;
Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
Способност за тимска работа;
Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови.
Вашето резиме доставете го преку полето Брза Апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!