LPP е интернационална компанија која над 20 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот.
“Нашиот тим го сочинуваат над 25000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.”
Нашата мрежа брои 1700 продавници во Европа, Азија и Среден Исток, a од неодамна ги отворивме и нашите продажни објекти во Македонија, и тоа на сите наши 5 бренда.
Во моментот сме во потрага по наш нов колега:
Visual Merchаndiser (Декоратер)
Локација: East Gate - Скопје
- Имплементирање на дизајни и планови, а креирани од страна на Visual Merchandising Manager
- Одговорност за креирање на атрактивни визуелни дисплеи на излог, во делот за наплата и in-store дисплеи, според дадените инструкции од компанијата
- Облекување на кукли на излог и користење на креативно осветлување за изложбениот простор
- Асистирање на продажниот тим во изложување во делот на продажниот простор
- Развивање и одржување на знаења во областа на мода, следење и разбирање на модните трендови и спорведување на истите во пракса, при изложување
- Споделување на знаење на останатите колеги околу стандардите за изложување
Што очекуваме:
- Степен на образование – CСС
- Претходно искуство во изложување, пожелно е во текстилна индустрија
- Интерест и афинитети кон Visual Merchandising
- Одлични комуникациски вештини
- Креативност и страст кон модна индустрија
- Одлични организациски вештини (способност за приоретизирање и поставување на цели)
- Задолжително е познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)
- Напредно ниво на познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
Ние Ви нудиме:
- Стабилна позиција во сигурна и реномирана интернационална компанија во областа на модна индустрија
- Динамична работна средина
- Можност за кариерен раст и развој
- Атрактивна месечна плата со дополнителен бонус систем и дополнителни бенефити
- Пријатна и пријателска работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење и одлична тимска работа
- Континуирана можност за едукација и унапредување на професионални вештини, како и стекнување на нови
За аплицирање проследето го вашето CV на англиски јазик преку полето Брза Апликација, најдоцна до 14.03.2022
Дознајте повеќе за нас на www.lppsa.com