Vrabotuvanje.com - Финансиски администратор - Скопје - АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Финансиски администратор

Скопје

Рок за пријавување:

  • АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ


Од самото основање па се до денес, Нашата компанија АТОМЕМ ДОО е компанија која овозможува врвна услуга во областите на продажба, дистрибуција и логистика користејќи ги најсовремените идеи, можности и ресурси.

Во своето долгогодишно работење, покажуваме професионалност, ориентираност кон нашите деловни партнери, како и обезбедување максимална дополнителна вредност за финалните потрошувачи. Долгогодишното искуство и доверба помеѓу домашните и странските соработници, на нашата компанија и овозможуваат стабилен и перманентен раст, комбиниран со позитивна енергија, флексибилност и креативност.

Огромното искуство овозможи технолошка комплетна понуда на напредни производи и врвен квалитет, поткрепени со стандарди за еколошка безбедност и заштита на човековата средина. Супериорната визуелна препознатливост на продажните места, потполното задоволство на потрошувачите и победничкиот дух на нашиот продажен тим остануваат нашите главни приоритети во тековното успешно работење.

Атомем ДОО Скопје во моментов има потреба од следната работна позиција:

ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОР

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
  • Степен и вид на образование: ССС/ВСС
  • Работно искуство во финансии: минимум 2 години
  • Работно искуство во дистрибутерска фирма ќе се смета како предност
  • Познавање на програм CFMA ќе се смета како предност
  • Задолжително познавање на MS Office пакет
Одговорности и работни задачи:
  • Наплата на побарувања од купувачите на Друштвото 
  • Усогласување на салда, со официјални конфирмации од купувачите
  • Книжење на денарски изводи 
  • Компензации со купувачи-добавувачи
  • Поставување, следење и корекција на Кредит лимити на купувачи
  • Усогласување на меѓусебните побарувања/обврски на коминтентите со сметководствена евиденција на Друштвото
  • Внесување на податоци во систем
  • Изготвување одобренија, компензации и останати оперативни финансиски документи
Што нудиме?
  • Одлични услови за работа во современа компанија;
  • Континуирана обука и надоградување; 
  • Можности за брзо напредување;
  • Работно време од 08:00 до 16:00 часот;
 
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација, со назнака: “ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОР “.
 
Огласот е активен 15 дена од денот на објавувањето.
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде