Vrabotuvanje.com - Референт за финансова оператива - Скопје - ПЕКАБЕСКО АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт за финансова оператива

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПЕКАБЕСКО АД


Производителот на сувомесни производи и трговец на големо со прехрамбени производи ПЕКАБЕСКО АД заради остварување на своите цели објавува оглас за следнава работна позиција:

РЕФЕРЕНТ ЗА ФИНАНСОВА ОПЕРАТИВА
( ДЕНАРСКИ - ДЕВИЗНИ ОБВРСКИ )



 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Економски факултет - ВСС (финансиски менаџмент или сметководство и ревизија),
  • Работно искуство најмалку 2 години од областа,
  • Искуство во комуникација со банки и други финансиски институции,
  • Познавање на платен промет во земјата и платен промет во странство (Е-банк),
  • Познавање од документарно банкарско работење и тоа работа со Банкарски гаранции (девизни и денарски), акредитиви, термински договори,
  • Познавање од депозитно и кредитно работење,
  • Одлично познавање на Microsoft Office апликациите,
  • Познавање на англискиот јазик,
  • Основно познавање на сметководство,
  • Возачка дозвола Б категорија.


Работни задачи:

  • Избраниот кандидат ќе биде задолжен за дневно следење на денарски и девизни сметки,
  • Следење и навремена примена на законската регулатива во врска со денарските и девизните плаќања,
  • Изработка на дневни прегледи на  вкупни  обврски  кон  добавувачите во земјата и во странство,
  • Водење на целокупната процедура при земање на денарски и девизни кредити и нивно сервисирање,
  • Водење на целокупна процедура при обезбедување на банкарски гаранции (денарски и девизни),
  • Акредитиви нивно следење (евидентирање по банки) и сервисирање на истите,
  • Изготвување на неделни извештаи за сите приливи и одливи на средства до Директори.

Работни услови:

  • Работниот однос се склучува на определено време од 6 месеци со можност за продолжување,
  • Работното време е од понеделник до петок и изнесува вкупно 40 часа.
  • Висина на нето плата 30.000 денари.
  • Обезбеден топол оброк.

Напомена:

  • Апликациите на кандидатите кои немаат работно искуство од областа нема да се разгледуваат,
  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите,
  • Избор ќе се изврши во рок од 5 дена по истекот на рокот за пријавување,
  • Испратете го вашето CV ( молба ) на е-маил cv@pekabesko.com.mk,
  • Апликациите да се достават заклучно со 15.03.2022 година.

Пекабеско АД

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде