Vrabotuvanje.com - Специјалист за квалитет - Скопје - Клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • Клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА Скопје


Клиничката болница “Аџибадем Систина” го проширува својот тим и има потреба од:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КВАЛИТЕТ (1 извршител)

 
    
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
  • Специјалистот за Квалитет учествува во олеснување и водење на високофункционални тимови организирани околу иницијативи за квалитет и безбедност
  • Води и документира процеси за подобрување на квалитетот и безбедноста на здравствените услуги (Failure Mode and Effects Analysis, Plan Do Check Act)
  • Прави анализа на пријавени инциденти (Root Cause Analysis)
  • Изработува, контролира и објавува документи согласно стандардите на Joint Commission International
  • Контролира и анализира пополнетост на медицинска документација
  • Контролира податоци поврзани со клинички патеки и мапи за нега
  • Валидира податоци
  • Анализира индикатори (клинички и оперативни)
  • Организира едукативни предавања и вежби поврзани со системот за управување со квалитет
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
  • Високо образование, од следниве области Медицина, Стоматологија, Фармација, Природни науки, Бизнис администрација
 
КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА КОИ ЌЕ СЕ СМЕТААТ ЗА ПРЕДНОСТ
  • Поседување ISO сертификати (ISO 9001;15189;30001)
  • Обуки или познавање на методологии за подобрување како Six Sigma, Lean, TQM или слично
  • Искуство со системи за квалитет или работа со интернационални стандарди (ISO, JCI, OSHA итн)
  • Искуство во процеси на акредитација и стандардизација
  • Познавање, воспоставување и употреба на системи за мерење на ефикасноста на процеси
  • Познавање на статистички методи и алатки за анализа
  • Професионално владеење на англиски јазик
  • Работа со Microsoft Office (full stack)
  • Работа со бази на податоци, собирање, анализа и извештај
     

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

  • Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
  • Почитување на правила и кодекс на работа;
  • Внимателност и прецизност при работењето;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата;
  • Процена на проблеми и решавање на проблеми;
  • Флексибилност;
  • Адаптибилност;
  • Висока работна етика.
 
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
  • Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде