Глобе Виллиамс ДОО Скопје е интернационална компанија за пружање на услуги во одржување на погони и постројки за големи клиенти од сите индустриски гранки. Нашата основна дејност е да обезбедиме квалитетни услуги за управување со погон и постројки во различни трговски и индустриски објекти на национално и меѓународно ниво. Нашата посветеност и постојан успех и овозможија на компанијата да стане мултинационална организација застапена во 29 земји на пет континенти и преку заеднички вложувања и стратешки партнерства испорачуваме услуги за одржување на погон и постројки во вкупно 80 земји со повеќе од 25,000 вработени.
ВОДОВОДЏИИ И ВОДОИНСТАЛАТЕРИ
Локација: Индустриска Зона - Илинден, Скопје
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Минимум средно образование
- Минимум 3 години претходно работно искуство
- Искуство во областа на водовод и водоинсталатерство
- Способност за тимска и индивидуална работа
- Професионален однос кон работното место
- Одговорност
- Дисциплинираност
- Познавање на личната заштитна опрема и спремност за нејзино користење при работа
ШТО НУДИМЕ:
- Одличен финансиски пакет
- Обезбедена храна и превоз до/од работното место од страна на компанијата
- Безбедна и здрава работна средина со заштита според највисоки стандарди и норми
Работните задачи се извршуваат во индустриски услови, т.е. производствени капацитети, магацини, административни канцеларии итн.
Работен распоред: 6 последователни дена во неделата, 8 часовен работен ден со 30 минути вклучена пауза, во три смени од понеделник до недела, по што следат 2 слободни дена за одмор во ротација 365/7/24.
Доколку сте заинтересирани за позицијата испратете ваша кратка биографија или резиме со ваш контакт (меил, адреса, телефонски број и сл.) преку полето Брза Апликација.