Vrabotuvanje.com - Референт за набавки - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт за набавки

Скопје

Рок за пријавување:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги 
остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,  
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата 
 
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
 
објавува оглас за вработување на
Референт за набавки
 
 
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за процесирање на барањата за набавки согласно процедурата за набавки на компанијата, комуникација со добавувачите и изведувачите на компанијата; подготовка на тендери, компарација и комерцијална евалуација на пристигнатите понуди, подготвување на порачки како конечен документ за секоја договорена набавка, по потреба процесирање на рекламации за несообразност на примен производ, следење на испораките на порачаните материјали, како и организирање на транспорт и комуникација со шпедиција при увоз/извоз на производи. За своето работење ќе одговара на Раководителот на Службата за набавки. Работното време од 08:00 – 16:00 часот. Основната нето плата за работното место изнесува 32.000-38.000 денари.
 

Квалификации:
  • ВСС/VII степен образование (Економски факултет или технички факултети)
  • Работно искуство од најмалку 2 години (претходно работно искуство во набавки ќе се смета за предност)
  • Одлично познавање на МS Office
  • Одлично познавање на англиски јазик

Конкурентски предности:
  • Високо ниво на деловна комуникација (усна и писмена)
  • Високо ниво на интегритет и доверливост
  • Познавање на SAP или сличен ERP софтвер
  • Агилност и желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички способности
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање проблеми
     


Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неoпределено.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши само на веб страницата 
на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде