РЖ Техничка контрола е основана во 1965 година, како дел од Рудници и Железарница "Скопје", како Централна лабораторија за хемиски и механички испитувања во областа на металургијата. Основната активност на РЖ Техничка контрола уште од почетоците била утврдување на квалитетот на металуршкото производство на челик.
Визија: Визијата на РЖ Техничка контрола е да стане позната лабораторија за хемиска, металуршка и механичка
анализа и анализа без разрушување на метали, метални делови и конструкции.
Мисија: Мисијата на РЖ Техничка контрола е да влијае на квалитетот на металуршките производи и на безбедноста на металните конструкции вградени во овие производи со прецизна и навремена анализа.
Во РЖ Техничка контрола вработени се 89 луѓе меѓу кои 19 инженери од областа на металургијата, технологијата, хемијата, физиката, машинството, електротехниката итн.
РЖ ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА АД има потреба од вработен кој ќе работи во лабораторија. Поради тоа имаме потреба од следната работна позиција:
Техничар во погонска лабораторија
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено средно образование
- Пожелно претходно работно искуство на истата дејност
- Пожелно е поседување на возачка дозвола - Б категорија
- Познавање на работа со компјутер (Word)
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
- Тестирање на проби
- Работа во 3 смени
ПРОФИЛ НА ЛИЧНОСТ
- Способност за организација
- Лојална и стабилна личност
- Одговорност, внимателност
НУДИМЕ
- Почетна плата: 20-22.000 денари - со можност за зголемување
Сите кандидати кои се заинтересирани, може да испратат CV преку полето Брза Апликација.