Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени!
Ја сакате продажбата!
Бидете дел од НЕЛТ СТ!
Кои сме ние?
Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем. Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.
Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 11 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.
Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Vitalia, Campina, Mladegs Pak, Teekanne, Baby Food Factory, А1 Makedonija, Bau Center.
Вработуваме:
Трејд маркетинг асистент
Опис на работната позиција:
- Креирање и управување со иницијативи, припрема на потребните материјали за продажбата
- Следење и испитување на пазарот и категориите, вклучувајќи ги и активностите на конкуренцијата
- Креирање и обезбедување на дополнителни материјали (POSM...)
- Организирање на дополнителни промотивни активности
- Следење на trade marketing фондови (планирање и потрошувачка) и креирање на извештаи за принципалите
- Креирање и следење на имплементација на Retail Performance Standards
- Обезбедување на потребните податоци за извештаите за принципалите
- Редовни работни активности и контрола на имплементација на стратегија на брендовите и иницијативите
- Оперативни состаноци со директно претпоставените со цел известување за реализираните задачи и активности во надлежноста
- Останати работни обврски по налог на директно претпоставениот.
Услови и компетенции:
- Основни услови: ВСС (предност имаат кандидати со Економски Факултет)
- Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
- Функционални компетенции : Решавање на проблеми, Комуникација, Поставување на
- приоритети
- Општи компетенции: Солидно познавање на работа на компјутер, Солидно познавање на англиски јазик (пишување и говорење), Возачка дозвола Б категорија
Што нудиме?
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот
- Годишниот одмор определен согласно Закон за работни односи
- Одлична работна атмосфера
- Различни мотивациски и тим билдинг активности
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент
Кандидатот е потребно да поседува подготвеност и страст за предизвици со кои ќе се соочи во првите 6 месеци бидејќи компанијата нуди динамична и мотивирачка средина!
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен и победнички тим, а сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 31.3.2022 год.
За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
https://nelt-mk.oneassessment.com/job/--Rr5Kp
или испратете го Вашето CV во
Нелт СТ, ДООЕЛ
на ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје
Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.
Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/