Vrabotuvanje.com - Техничар- унапредувач на продажба за Штип, Струмица - Штип, Струмица - АЛМА - М ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Техничар- унапредувач на продажба за Штип, Струмица

Штип, Струмица

Рок за пријавување:

  • АЛМА - М ДООЕЛ

Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Објавува оглас за следната работна 

Техничар-унапредувач на продажба
за Штип, Струмица

 
датум на објава: 21 Март 2022
рок за пријавување до: 4 Април 2022
број на оглас: О-220322-МИ-ТУП
сектор: Продажба
регион: Штип, Струмица
 
Работни задачи:
  • Склопување, позиционирање, одржување, расклопување, отстранување, контролирање позиции и чистота на поставени сталажи, 
  • Читање и изготвување на нацрти на позиции и сталажи,
  • Секојдневна посета на продажни места предвидени со дневна рута,
  • Запознавање купувачи со асортиман и цена на производи, рекламен материјал, карактеристики и предности, место на изложување, оптимални залихи,
  • Пополнување и праќање извештаи во електронска форма (Excel, Power Point),
  • Грижа за уредност, правилна употреба и решавање проблеми поврзани со рекламен материјал
  • Врши мрчндајзинг според планограм, 
  • Имплементација на маркетинг поддршки (летоци, настани, викенд акции...)
  • Следи конкуренција и предлага активности за минимизирање на нејзино влијание,
  • Исполнување на цели и координација со членови на тим,
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
  • Професионално однесување,
  • Организирана, аналитичена, мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија, 
  • Пожелно е познавање на англиски јазик.
 
Потребно искуство:
  • Претходно работно искуство не е потребно
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
 
Напомена:
Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место изнесува 20.000,00 денари, која ќе биде зголемена со додаток за работна успешност.
Рок во кој ќе се изврши изборот со интервјуирање – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
Ве молиме без телефонски јавувања
 
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде