Семос има потреба од квалификувани програмери за работа за следните работни позиции, со минимум следните квалификации:
.NET Developer
Бараме .NET програмер за развој на софтвер со користење на јазици и технологии од .NET framework-от. Избраниот кандидат ќе развива апликации, ќе одржува постоечки апликации и ќе обезбедува корисничка поддршка за домашни и странски клиенти.
Идеалниот кандидат треба да пишува функционален код, да има око за забележување на детали и да биде тимски играч со развиени комуникациски вештини.
Потребни квалификации:
- Минимум 2+ години работно искуство со .NET технологии (C#)
- Работно искуство со релациони бази на податоци (MS SQL Server)
- Познавање на Agile методологии
- Одлични комуникациски вештини и вештини за препознавање на проблеми
- Познавање и работа со Source control (TFS)
- Познавање на .NET Core ќе се смета како предност
- Искуство со работа со DevExpress контроли ќе се смета како предност
- Да има посетено барем неколку курсеви (би било предност кандидатот да има и сертификати стекнато)
Доколку сакаш да станеш дел од успешен продажен тим составен од професионалци, испрати твое CV преку полето Брза Апликација.
ПРИДРУЖИ НИ СЕ!