Семос има потреба од квалификувани програмери за работа за следните работни позиции, со минимум следните квалификации:
Junior Систем Инженер / Senior Систем Инженер
Потребни квалификации за Junior Систем Инженер:
- Junior систем инженер со минимум познавање на хардвер, мрежи, (активна и пасивна опрема), системски софтвер;
- Минимум 2+ години работно искуство на работна позиција која го вклучува горе наведеното;
- Дипломирал ИТ или стекнал еквивалентно работно искуство во областа на ИТ индустријата;
- Способен да проценува, да дава приоритет и да организира задачи самостојно;
- Способен да комуницира на англиски јазик (пишување, зборување, разбирање);
- Соработка со добавувачи и комуникација со клиенти;
- Инсталирање, конфигурирање, тестирање и одржување на оперативни системи, апликативен софтвер и алатки за управување со системот;
- Обезбедување на највисоки нивоа на достапност на системи и инфраструктура;
- Предност е да има ислушано курсеви соодветни за позицијата и положено испит со стекнат сертификат;
- Да има возачка Б категорија;
Потребни квалификации за Senior Систем Инженер:
- Senior систем инженер со познавање на хардвер, мрежи, (активна и пасивна опрема), системски софтвер, бази, сетирање domain, active directory, бекап на податоци, безбедност на инфраструктура, cloud инфраструктура и сетирање на истата, миграција на податоци помеѓу уреди, платформи и инфраструктурна поставеност, администрирање на инфраструктура, итн.;
- Минимум 8+ години работно искуство на работна позиција која го вклучува горе наведеното;
- Задолжително стекнат сертификат (било каков) од соодветната област (Пр. Microsoft, CISCO, итн., безбедност на ИТ инфраструктура, сертификат за мрежен администратор, итн...)
- Диплома за завршено високо образование во областа на ИТ индустријата;
- Способен да води проект проценува, да дава приоритет и да организира задачи самостојно;
- Соработка со добавувачи и комуникација со клиенти;
- Инсталирање, конфигурирање, тестирање и одржување на оперативни системи, апликативен софтвер и алатки за управување со системот, бекап на податоци, безбедност на податоци и инфраструктура;
- Обезбедување на највисоки нивоа на достапност на системи и инфраструктура;
- Способен да комуницира на англиски јазик (пишување, зборување, разбирање);
- Да има возачка Б категорија;
Доколку сакаш да станеш дел од успешен продажен тим составен од професионалци, испрати твое CV преку полето Брза Апликација.
ПРИДРУЖИ НИ СЕ!