Vrabotuvanje.com - Специјалист за контролинг во продажба (Sales controlling specialist) - Скопје - КОЛА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за контролинг во продажба (Sales controlling specialist)

Скопје

Рок за пријавување:

  • КОЛА ДООЕЛ

 

  Практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, професионализација на сите процеси и воведување високи стандарди во своето работење, заедно растеме и освојуваме нови хоризонти во продажбата и дистрибуцијата. Доколку имате желба да бидете дел од компанија со големо искуство која го разбира значењето на човечкиот капитал и се грижи за развојот на сопствените човечки ресурси и нивно натамошно усовршување и унапредување, Ве молиме внимателно проследете го следното:

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи КОЛА ДООЕЛ Скопје го објавува следното слободно работно место: 

 


СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОНТРОЛИНГ ВО ПРОДАЖБА (SALES CONTROLLING SPECIALIST)
 

1 (еден) извршител на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување 

Услови за вршење на работата:

  • ВСС/ССС;
  • Напредно познавање на Excel;
  • Минимум 2 година работно искуство на иста или слична позиција;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија;

Краток опис на работните обврски:

  • Книжење на финансиски одобренија;
  • Отварање на нови коминтенти согласно процедурите на компанијата;
  • Контрола и внесување на договори од коминтенти со сите продажни услови;
  • Изработка и проследување на сите дневни, месечни, квартални и годишни извештаи извештаи за продажба;
  • Изработка на месечни планови за продажба;
  • Водење на маркетинг трошоци и одобренија од добавувачи;
  • Одржување на рутинг планов систем;
  • Одржување на промо систем;

Работното време трае 5 работни дена односно 40 часа неделно. Од понеделник до петок работното време започнува во 08:00 часот, а завршува во 16:00 часот.

Основната нето плата изнесува 36.000,00 денари.

Вашата кратка биографија испратете ја преку полето БРЗА АПЛИКАЦИЈА или доставете ја на Ул.Качанички пат бр.254 во рок од 5 работни дена од 22.03.2022 година до 28.03.2022 година.

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од: Доколку се пријавиле до 200 кандидати за работното место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Напомена: Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на КОЛА ДООЕЛ извоз-увоз Скопје, ул.Качанички пат бр.254, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри за потребите на КОЛА ДООЕЛ извоз-увоз Скопје, ул.Качанички пат бр.254. КОЛА ДООЕЛ извоз-увоз Скопје, ул.Качанички пат бр.254 гарантира дека освен за наведената цел, вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. КОЛА ДООЕЛ извоз-увоз Скопје, ул.Качанички пат бр.254 сите апликации ќе ги чува 12 месеци, сметано од денот на нивното добивање, освен во случај кога апликантот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истекот на утврдениот рок.

 

 

 


 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде