Vrabotuvanje.com - Помлад специјалист за човечки ресурси - Скопје - ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Помлад специјалист за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
 

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друштво М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел е од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија,Украина, Романија,Полска,Чешка и Македонија.

Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите така и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од  

ПОМЛАД СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
 


Опис на работни задачи:

  • Административна подршка на одделот
  • Изготвување и водење на целокупна документација за човечки ресурси ( договори за    вработување, потврди, решенија, спогодби, анекси и сл. )
  • Соодветно архивирање на целокупната документација поврзана со вработените
  • Постојано ажурирање на податоците за вработените во сите бази и евиденции
  • Водење и ажурирање на  досие за секој вработен
  • Следење и водење на евиденција за редовност на вработени
  • Пријава и одјава на вработени
  • Објава на оглас за вработување, селекција на кандидати и закажување на интервјуа
  • Останати работни задачи од делокругот на своето работно место согласно укажаната моментална потреба, по налог на Претпоставениот или Работодавачот.

Потребни квалификации:

  • Самоиницијативност
  • Добра организираност
  • Високо образование
  • Познавање на Англиски јазик
  • Познавање на Microsoft Office
  • Одлични и организаторски и комуникациски способности
  • Високо ниво на интегритет и доверливост
  • Способност за работа во тим
  • Посветеност и одговорност кон задачите и работата
  • Можност за извршување на задачи во куси рокови и справување со работа под притисок

Ние нудиме:

  • Компетитивна плата;
  • Пријателска работна атмосфера;
  • Динамична и одговорна работа со постојан раст и развој;
  • Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација;
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување 

 

Испратете го вашето CV заедно со мотивационо писмо 
преку полето Брза Апликација.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде