Vrabotuvanje.com - Кредитен инспектор - Скопје - ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Кредитен инспектор

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
 

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друштво М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел е од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија,Украина, Романија,Полска,Чешка и Македонија.

Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите така и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје го надополнува својот тим и вработува 

КРЕДИТЕН ИНСПЕКТОР

Примарната цел на Кредитниот инспектор  е одговорно кредитирање, оценка на кредитен ризик и усовршување на работењето во кредитниот оддел како еден од клучните оддели во компанијата


Опис на работни задачи:

  • Одговорно кредитирање согласно правилата и процедурите на компанјата
  • Оценка на кредитниот ризик и давање на мислење за исплата на кредити на клиенти
  • Воспоставување на контакт по телефон со клиенти со цел контрола на претставената информација
  • Администрирање и воведување на податоци
  • Изготвување на мислење и анализа,поврзана со отпуштање на кредити
  • Континуирано унапредување на процесите во Кредитниот оддел
  • Соработка и давање консултации на кредитни консултанти и контакт центар за можности за кредитирање, услови и правила
  • Електронско внесување на уплати
  • Креирање налози и работа со Е-БАНК системи
  • Изготвување потврди и пресметки за клиенти

Потребни квалификации:

  • Дипломиран економист
  • Пожелно е  работно искуство на иста или слична позиција
  • Пожелно е познавање на  законодавството од областа на  финансиски институции и трговски друштва
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Одлично познавање на Англиски јазик.

Очекувани способности и вештини:

  • Одлични аналитички вештини
  • Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време
  • Способност за тимска работа
  • Посветеност
  • Изразени комуникациски и презентациски вештини;
  • Професионалност, одговорност и лојалност;
  • Ориентираност кон остварување на резултати;
  • Самоиницијативност

Ние нудиме:

  • Компетитивна плата;
  • Пријателска работна атмосфера;
  • Динамична и одговорна работа со постојан раст и развој;
  • Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација;
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување 

 

Испратете го вашето CV заедно со мотивационо писмо 
преку полето Брза Апликација.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде