Vrabotuvanje.com - Специјалист за административни работи - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за административни работи

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
  
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Специјалист за административни работи во Секторот за производство
 

Цел на работа
Специјалистот за административни работи во Секторот за производство  е дел од одделот за производство (AP2) кој ги покрива функционалните области - Производство, Логистика и и Одржување на објекти. Специјалистот за административни работи врши работни задачи поврзани со давање на административна поддршка на менаџментот на одделот, обезбедувајќи видливост, следливост и транспаранетност на секторските клучни индикатори за перформансите (KPI). 

 
Работни задачи и одговорности:
  • Учествува во активностите поврзани со поставување и следење на секторските KPI (усогласување со секторите кои ги покрива, документирање, проверка и верификација на истите) 
  • Подготовка на неделни, месечни, квартални извештаи за KPI за секторите кои ги покрива и изготвување на презентации за истите за интерни потреби, како и за потребите на известување 
  • Следење на одделенските / секторските трошоци наспроти планираните планови и буџети
  • Следење на развојот на бројот на вработени во секторот / одделот наспроти планираниот / буџетираниот број на вработени 
  • Обезбедува административна поддршка на други процеси, како на пример евиденција на дневното / неделното присуство на работа, подготовка на документи за потпис од страна на надлежните раководители и слично.

Образование, искуство, вештини:
  • ВСС (технички науки, економски и општествени науки)
  • Напредно познавање на MS-Office (Word, Excel, Power Point, Outlook)
  • Познавање на SAP системот
  • Математички вештини и техники за статистичка анализа
  • Способност за планирање, организирање на системот за работа 
  • Познавање на административни или програмски принципи, концепти, политики, цели и примена на процедури и практики вообичаени за производствено опкружување 
  • Напредно познавање на англиски јазик (говори, чита, пишува)
 
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување  “Асистент за производствен систем и континуирано подобрување " преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде