DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија.
Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com
DS SMITH СКОПЈЕ ВРАБОТУВА:
Интерен специјалист за продажба
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Универзитетска диплома од областа на економијата, технички факултети
- Работно искуство во продажба 2 години
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на работа на компјутер ( Ms Office)
- Почитување на дадени крајни рокови и поддршка на соодветниот сектор
- Желба за учење и надоградување
- Возачка дозвола – активен возач
ВАШИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:
- Одржува континуитет во работењето со постоечки купувачи и спроведува нарачки за нови купувачи,
- Обезбедува ефикасна континуирана поддршка и соработка со останатите колеги од тимот
- Комуникација и примање нарачки од купувачи
- Континуирана и квалитетна комуникација со купувачи
- Анализи за остварување на месечните планови
- Квалитетно извршување на работните задачи и почитување на крајни рокови
- Дисциплина и желба за развој
- Почитување на интерните правила и стандарди на работа, како и кодексот на однесување
- Учење и самостојно работење во сектор продажба
ШТО НУДИМЕ:
- Работа во интернационална компанија, во динамична атмосвера, со можност за персонален и професионален развој.
Доколку ги исполнувате наведените карактеристики, доколку сте комуникативна личност, со силни интерперсонални карактеристики, флексибилни, спремни за учење и тимска работа
АПЛИЦИРАЈТЕ !
испратете Ваша биографија и мотивациско писмо на следната адреса jobs.skopje@dssmith.com не подоцна од 15.04.2022
Кандидтите кој успешно ќе го поминат процесот на преелиминација ќе бидат контактирани телефонски. Задолжително наведете за која работна позиција аплицирате.