Спорт Висион е во потрага по амбициозни и талентирани професионалци кои сакаат да го реализираат својот максимален потенцијал во областа на маркетингот.
МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР
- Едукација од областа на маркетинг и маркетинг менаџмент
- Искуство во маркетинг
Главни задачи:
- Креирање и управување со иницијативи како и следење на пазарот
- Учество во креирање и реализација на маркетинг стратегии
- Планирање, спроведување и следење на маркетинг активности и кампањи со поддршка од маркетинг тимот преку користење различни канали на комуникација
- Обезбедување на потребни податоци за месечни, квартални и годишни извештаи
- Подготовка на извештаи за реализација и ефект од маркетинг кампањи
Потребни вештини и способности кај идеалниот кандидат:
- Изразени организациски и аналитички вештини
- Силни комуникациски и презентациски вештини
- Динамична личност која презема иницијативи и постојано го надградува своето знаење
- Одлично владеење на Microsoft Officе
Нудиме:
- Работа со најдобрите светски спортски брендови
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
- Одлична работна атмосфера
Доколку ги поседувате наведените квалификации и имате особена пасија кон маркетингот, ве охрабруваме да аплицирате и да ја искористите можноста да бидете дел од професионална и динамична екипа која е навикната да ги поместува границите и да остварува феноменални резултати!
Апликацијата, со Вашето CV и Мотивационо писмо, испратете ја преку полето Брза Апликација до 31.03.2022 година со назнака “Маркетинг менаџер”.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани.