Vrabotuvanje.com - Инженер во Лабораторија (Laboratory Engineer) - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Инженер во Лабораторија (Laboratory Engineer)

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
  
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
Инженер во Лабораторија (Laboratory Engineer)

 

Работни задачи и одговорности:
  • Лабораторискиот инженер е одговорен за тестирање примероци, собирање и интерпретација на податоци, калибрација на алатки и други активности за одржување на лабораторијата во согласност со валидни процедури и стандарди;
  • Развој на алатки, процедури и системи за мерење и тестирање;
  • Контрола на извршување на дадени налози за тестирање, со давање на релевантен приоритет на задачите, како би се обезбедила ефективна и точна поддршка за процесите на производство;
  • Тесно соработува со лабораторискиот персонал за решавање на проблемите идентификувани за време на тестирањето;
  • Работи според зададени сертификати за системи за квалитет, но не ограничувајќи се на IATF 16949 и ISO 14001.

Образование, искуство, вештини:
  • ВСС од Машинска струка или Електротехничка струка; (Школување, академски студии и стручно оспособување, студирање, понатамошно или дополнително стручно образование или искуства);
  • 2 годишно искуство во производна околина на слична позиција во автомобилска индустрија, ќе се смета за предност;
  • Успешно завршени обуки и сертификати на VDA-QMC, AIAG, DGQ, AUKOM или други споредливи обуки за управување со квалитет, обезбедување на квалитет, методи и алатки за управување со квалитет, метрологија на производство;
  • Познавање на лабораториски методи и техники, познавањето на стандардите за прецизни димензионални мерни системи (координатни мерни машини), како и системи за мерење на сила, звучни и светлински карактеристики ќе се смета за предност;
  • Дефинирање на мерни методи за мерење на сили при транслација, светлинска луминација и илуминација и прецизни димензионални мерења;
  • Креирање и интерпретација на мерни дијаграми;
  • Познавање на стандардите за автомобилска индустрија (ISO-TS / IATF16949, ISO-9001, 9004, 14001 и 19011);
  • Познавање на стандардот за лаборатории за тестирање и калибрација ISO/IEC 17025, ќе се смета за предност
  • Напредно познавање и работа со методите за QM FMEA / SPC / DoE / MSA / Six Sigma / Visual Management / Robust Design како и напредно познавање на 5S / 7M / 7W / 3 Mu / 7 Muda
  • Напредно познавање на анализата и корективни активности во текот на целиот животен циклус на производот;
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) познавање на системот SAP е предност;
  • Познавање на 2D/3D софтвер за моделирање;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство;
  • Силна аналитичка компетентност и способност за решавање проблеми;
  • Способност за работа со кратки крајни рокови и работа под притисок.
 

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Инженер во Лабораторија (Laboratory Engineer)", преку полето Брза Апликација.
 

КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.

Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде